Возачот и турскиот државјанин Алсин Левант кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која животот го загуби пејачот Шабан Шаулиќ и неговиот клавијатурист Мирсада Кериќ, исчезнал од градот Гитерсло, каде живеел до неодамна, пренесуваат српските медиуми.
Судењето за овој случај се уште не почнало и никој не ја знае причината за неговото одложување, а исчезнувањето на осомничениот дополнително го комплицира судскиот процес. Според пишувањата на германските медиуми, се што е во врска со осомничениот се држи во тајност бидејќи од судот никој не сака да коментира.
„Во меѓувреме, како што се зборува, тој повеќе не живее во Гитерслоу. Директорот на Окружниот суд во тој град немал одговор на прашањето зошто толку долго се чека за почетокот на судењето“, пишува германскиот портан NW и додава:
„Судењето ќе биде одржано, но прашање е кога. Помина половина година од поткренувањето на обвинението, а уште не е понат датумот на судењето кое се чека. Државниот обвинител Кристоф Макел проблемот околу каснењето го гледа во Окружниот суд, а одал дека семејството е ‘нестрпливо’ бидејќи убиецот се уште не дошол пред лицето на правдата“, наведуваат странските медиуми.