Побегнал од Јужна Кореја во Северна: „Ја преминал границата, не знаеме дали е жив“

од Nikola Popovski
249 прегледи

Јужнокорејски државјанин ја преминал границата и влегол во Северна Кореја, во еден од ретките случаи на бегство кон север, соопшти јужнокорејската армија, пренесува Ројтерс.

Здружениот началник на Генералштабот изјавич дека извршил акција за пребарување откако околу 21.20 часот откриле лице на источната страна на демилитаризираната зона која ги раздвојува двете Кореи.

-Потврдивме дека лицето околу 22.40 часот ја поминало границата и побегнало на север, било соопштено.

Се посочува дека не се знае дали лицето е живо, но војската преку воената телефонска линија испратила известување на север..

Преминувањето на границата, која се смета за нелегално во Јужна Кореја, доаѓа во време кога Северна Кореја спроведува строги мерки против коронавирусот. Земјата ги затвори своите граници на почетокот на пандемијата во 2020 година, иако не потврди никаква инфекција.

Слични содржини