Почина актерката Чарлби Дин

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Во триесет и третата година од животот ненадејно почина јужноафриканската актерка Чарлби Дин. Претставници на нејзиното семејство соопштија дека младата актерка почина по „неочекувана ненадејна болест“ во болница во Њујорк, што ги шокира нејзините обожаватели ширум светот.

Чарлби е родена во 1990 година во Кејптаун, а со манекенство почнала да се занимава од шестгодишна возраст. Во 2010 година се појави во комедијата „Spud“, а улогата ја повтори и во продолжението во 2013 година. Потоа се појави во серијата „Elementary“ на CBS.

Оствари улоги во филмовите „Don’t Sleep“, „An Interview With God“, „Death Race 3: Inferno“ „Blood in the Water“, а една од најпознатите улоги ги имаше во филмот „Triangle of Sadness“ со Вуди Харелсон и Харис Дикинсон.

Филмот премиерно беше прикажан на Филмскиот фестивал во Кан во 2022 година и освои Златна палма, најголемата награда што се доделува на фестивалот.