Актерот Десимир Станојевиќ почина денеска на 69 годишна возраст во својот дом.

Веста за неговата смрт ја пренесоа српските медиуми. Деса глумеше во ТВ сериите „Policajac sa Petlovog brda“ „Seljac“, „Prvaci sveta“ и други, но кај пошироката јавноста ќе остане запаметен како неговата улогата во серијата „Среќни луѓе“.
Десимир мина повеќе од две децении во театарот Теразије, при што некои од неговите култни улоги беа во мјузиклите „Гркот Зорба“ и „Циганите летаат на небото“.
Неговите колеги со неверување ја примија веста за смртта на овој исклучителен актер.“