ПОЧИНА АКТЕРОТ КОЈ ЦЕЛ СВЕТ ГО ОБОЖАВАШЕ Семејството е неутешно: „Сега е во рајот со својата ќерка“!

од VIktor_P
2,6K прегледи

Неговиот син ја потврди веста за смртта

Питер Неви Тујасопо, познат по улогите во филмовите „Уличен борец“, „Неопходна суровост“ и „Пеколни улици“, почина на 61-годишна возраст, потврди неговиот син Маноа Петер Тујасопо преку објава на Фејсбук.

– Со тешко срце, моето семејство и јас сакаме да им се заблагодариме на сите за нивните мисли и молитви. Нашиот татко Питер Н.Тујасопо почина утрово во 3 часот и 16 минути, напиша Маноа во пораката во име на семејството.

– Татко ми живееше неверојатен живот и неговото влијание не завршува тука. Ќе продолжиме да го носиме во нашите срца, иако сме крајно тажни, сигурен сум дека тој сега е во рајот, со своите браќа, сестри, родители, ќерка и Исус, без болка и страдање – изјави Маноа.

Според неговите зборови, семејството ќе донесе одлука за достоинствено збогување и ќе ги информира своите следбеници за сите детали дури кога се ќе биде подготвено.

– Ви благодариме уште еднаш за вашите мисли и молитви и ве молиме продолжете да не поддржувате во овој тежок и емотивен период – заклучи синот на актерот.

Слични содржини