Канадскиот актер и воен ветеран Кристофер Пламер почина на 91 година.
Неговото семејство изјави дека тој починал во неговиот дом во Конектикат.
Својата филмска кариера Пламер ја започна во 1958 година со „Stage Struck“. Најпознат е по улогата на нацистичкиот капетан Фон Трап во филмот „Мои песни, мои соништа“ од 1965 година.
Тој неодамна се појави во филмот „Сите пари на светот“, наместо Кевин Спејси.
Зад себе има над 200 филмски и ТВ улоги, а интересно е што тој ја одби улогата на волшебникот Гандалф во трилогијата „Господарот на прстените“, признавајќи дека подоцна се покајал за таа одлука.
На 82-годишна возраст, тој доби Оскар за споредна машка улога во филмот „Почетници“ од 2010 година.
Неговата ќерка Аманда Пламер е исто така позната холивудска актерка.