Познатиот српски актер, Милан Лане Гутовиќ почина денеска на 76-годишна возраст по долго и тешко боледување, пренесува агенцијата Бета. Актерот бил примен на Воено-медицинската академија минатата недела поради проблеми со дишењето, неговата состојба одеднаш се влошила во последните два дена, а исто така бил приклучен на респиратор.
За неговата болест се дозна кога мораше да ја напушти претставата „Патувачкиот театар Шопаловиќ“ на почетокот на јуни.
Тој беше еден од најомилените српски актери во последните 40 години.
Роден е во Умци, на 11 август 1946 година. Дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.