307
Актерот Макс фон Сидоф почина на 90-годишна возраст, изјави денеска неговата сопруга.
Сидоф е роден на 10 април 1929 година во шведскиот град Лунд. Тој актерската кариера ја почна во 1951 година, а неколку години се пресели во Малме, каде се запосна со режисерот Ингмар Бергман.
Меѓу најпознатите филмови на Сидоф се Седмиот печат (1957) и Изворот на Богородица (1960) во режија на Бергман.
Меѓу последните негови филмови е Војна на ѕвездите: Моќта се буди (2015), а имаше и улога во серијата Игра на тронови.