Почина актерот од „Чернобил“ со култната реченица „Not Great, Not Terrible“

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Британскиот актер Пол Ритер почина од тумор на мозокот на 55-годишна возраст, објави денеска неговиот агент.

Агентот на Ритер за Гардијан изјави дека актерот починал дома, а членовите на семејството биле со него.

Ритер е познат по улогите во филмовите „Хари Потер и полукрвниот принц“ и „Зрно утеха“ од сериите на Џејмс Бонд, како и по улогата во ситкомот „Вечера во петок навечер“ и серијалот „Чернобил“.

Во серијалот за нуклеарната катастрофа, тој го играше Анатолиј Дјатлов, шефот на смената во нуклеарната централа, кој ја опишува ситуацијата по катастрофата како „НЕ Е ОДЛИЧНО, НО НЕ Е СТРАШНО“ („Not Great, Not Terrible“).

Слични содржини