Почина Алоис МОК – политичарот кој ја пресече Железната завеса

од desk3
95 прегледи

 

Алоис МОК, австрискиот министер за надворешни работи, кој придонесе да се забрза падот на Железната завеса, почина на 82-годишна возраст. За смртта на поранешниот министер за надворешни работи на Австрија соопшти неговата Австриска народна партија (АНП), пренесе ДПА. Во јуни 1989 година светот го обиколија фотографии на кои МОК и неговиот унгарски колега Ѓула Хорн, застанале на оградата со бодликава жица долж границата меѓу нивните земји, и го пресекоа  симболот на Студената војна.

Настанот доби отглас во комунистичкиот блок. Источните народи се упатија кон Унгарија, за да избегаат на запад, а тоа од своја страна го засили уште повеќе притисок врз комунистичките  раководства. Во ноември истата година дојде до падот на Берлинскиот ѕид. “Како домино плочки комунистичките режими паѓаа еден по друг, со исклучок на Романија.

Може да се каже дека 1989 година беше година на чуда”, рече МОК во интервју за ДПА.  Тој му предложил на Хорн да ги направат фотографиите, бидејќи светот не обрнал доволно внимание на тоа како во мај Унгарија започнала да руши тврдините на границата.  МОК е роден на 10 јуни 1934 година во провинцијата Долна Австрија во католичко семејство, кое било против  подемот на  националсоцијалистите.

Покажува интерес кон надворешната политика, додека студирал право, организирајќи хуманитарна помош за антикомунистичката демонстранти во Унгарија и бегалците од востанието таму во 1956 година Во 1969 година МОК стана министер за образование. Десет години подоцна е избран за претседател на АНП. Како министер за надворешни работи меѓу 1987 и 1995 година тој договара пристапувањето на Австрија кон ЕУ и успева да ја добие довербата на евроскептичниот население.

МОК, кој имаше визија за  надворешната политика, не сакаше особено да се враќа кон минатото, забележуваат агенциите. Кога кандидатот за претседател на партијата му Курт Валдхаим беше критикуван во 1986 година за тоа што е член во националнте  организации, поранешниот министер за надворешни работи беше негов тврд бранител. Алоис МОК се повлече од политиката во 1999 година, откако му беше дијагностицирана Паркинсонова болест, пишува дир.бг.