ПОЧИНА АНА Пејачката ја загуби битката со ракот на 29 години

од VIktor_P
1,7K прегледи

Пејачката почина на 29-годишна возраст

Чешката пејачка, актерка и водителка, Ана Словачка, почина на 29-годишна возраст.

Таа почина на 6 април, во нејзиниот дом во Прага, а сега е откриена причината. Како што се наведува, таа починала како последица на онколошка болест.

Ана Словачка летово требаше да наполни 30 години, но, за жал, не стигна до својот роденден.

На пејачката ѝ бил дијагностициран рак на дојка во 2019 година. Таа била подложена на хемотерапија, по што болеста се повлекла, но четири години подоцна биле откриени метастази на нејзините бели дробови.

Во последните месеци таа се бореше со опасна болест, а кога стана јасно дека крајот, за жал, е неизбежен, нејзините роднини решија да ја префрлат од болница во семејниот дом, каде што почина.

Со неа во последен момент биле нејзината мајка, татко, вереник и нејзиниот миленик.

Инаку, Ана беше ќерка на познати родители, од кои го наследи својот талент.

Нејзината мајка е чехословачката пејачка и актерка Дагмар „Дада“ Патрасова, а нејзиниот татко Феликс Словачек е композитор и музичар.

Колегите и пријателите се збогуваат со неа

Слични содржини