Почина член на легендарната реге група УБ40

од Vladimir Zorba
376 прегледи

Саксофонистот и текстописец на УБ40, Брајан Траверс ја загуби битката со ракот на 62 -годишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

Музичарот на познатиот реге бенд, познат по хитовите „Kingston Town“ и „Red Red Wine“, почина во својата куќа во Бирмингем, опкружен со неговото семејство на 22 август.

Бендот издаде соопштение во кое пишува: „Со голема тага ја објавуваме смртта на нашиот пријател, брат, основач на УБ40 и музичката легенда, Брајан Траверс. Брајан почина по долга и херојска битка со ракот. Нашите мисли се со сопругата на Брајан, Лесли, неговата ќерка Лиза и синот Џејми. Сите сме скршени од оваа вест и ве молиме почитувајте ја потребата на семејството за приватност во овој момент“.

Групата УБ40 е основана во 1978 година во Бирмингем, Англија, и во текот на 80 -тите беа еден од најпопуларните англиски бендови со серија хитови на светските топ листи. Името на бендот УБ40 е создадено со промена на кодот на образецот за невработени „Department of Unemployment“ во Англија во „Unemployed Benefits form 40“ или „Бенефит за невработеност до 40“.