Почина човекот кој на раце го извлекуваа од падините на Кратовско

од Andreja Salpe
388 прегледи

Почина човекот кој пет часа на раце го извлекуваа од падините на Кратовско. Шеесет и тригодишниот овчар беше една седмица во кома по претрпен мозочен удар, за кого јавноста дозна откако лекарот од кратовската Итна помош на Фејсбук објави дека неколку часа го носеле во импровизирана носилка од бачилото во кратовските планини до возилото за Итна помош кое не можело да стаса поради непристапен терен.

Пациентот починал утринава во штипската болница, потврдиле за Телма од болницата.

Откако лекарот ги објави информацијата и фотографиите од спасувањето на Фејсбук, напиша и дека ниту една институција не испратила соодветно возило или помош за да се обезбеди побрз транспорт.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов во интервју за ,,Утрински брифин” вели дека не чувствува лична одговорност, бидејќи премалку време е системот да се подобри. Тој меѓудругото вели дека е назначен за директор на ЦУК токму за отстранување на овие системски недостатоци. Истакнувајќи дека се работи за системски проблем, Ангелот кажа дека Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување се две различни институции на кои им се преклопуваат нивните надлежности. Исто така, тој истакна дека од страна на Министерството за одбрана направена е административна работна група која треба да ги детектира слабостите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Слични содржини