Почина Енди Флечер, англиски клавијатурист и еден од основачите на групата „Depeche Mode“.
Засега не е позната причината за смртта. Веста беше потврдена од официјалниот профил на бендот на Твитер.
— Depeche Mode (@depechemode) May 26, 2022
Кога британскиот магазин Мирор во 2014 година спроведе лингвистичко истражување за тоа кои британски изведувачи имаат најдобри текстови, на прво место се најде бендот „Depeche Mode“ , оставајќи ги зад себе Дејвид Боуви, Битлси, Елтон Џон, па дури и Квин.
„Depeche Mode“ е официјално основан во 1980 година, во времето на неоромантичниот нов бран и за краток период постигна вртоглава популарност.