Почина еден од основоположниците на македонскиот ракомет

од Nikola Popovski
270 прегледи

Ракометниот клуб Вардар информира дека починал Лефтер Бошковски, еден од основоположниците на македонскиот модерен ракомет и поранешен тренер на РК Вардар, во 81-та година од својот живот.

Лефтеровски е истакнат спортски работник, професор, тренер, селектор на македонската репрезентација. Беше тренер и на Вардар во првата деценија од постоењето на клубот.

Во својата богата тренерска кариера бил тренер на повеќе клубови во машка и женска конкуренција, и селектор на женската репрезентација на Македонија. Ќе остане запишан и како освојувач на првиот трофеј на премиерното издание на струшкиот турнир, како тренер на Вардар.