Почина екс турскиот фудбалски репрезентативец

од Симе Стоиков
152 прегледи

Поранешниот турски фудбалски репрезентативец Ерсен Мартин почина на 45-годишна возраст.

Своите први фудбалски чекори ги направи во јуниорските категории на Бајерсдорфер, пред да се пресели во Нирнберг, каде ја започна својата сениорска кариера.

Потоа патувањето го однесе во Бешикташ, а речиси целата своја кариера ја помина во Турција.

Тој ги носеше дресовите на Сиртспор, Гезтепе, Денизлиспор, Анкараспор, Трабзонспор, Рекреатив, Сивас, Манисаспор, Касипаша, Генчелербирлиги и Ејупспор.

За турската репрезентација одигра три натпревари. Фудбалската кариера ја заврши во сезоната 2012/2013.

Слични содржини