Почина фолкерот Џеј Рамадановски

од Nikola Popovski
382 прегледи

Познатиот српски фолкер Џеј Рамадановски почина денес на 56-годишна возраст.  Локалните медиуми известуваат причината е срцев удар.

Во текот на денот, екипата на брза помош интервенирала во семејната куќа на пејачот, каде го реанимирала. За жал, реанимацијата не успеа.

Во неодамнешно последно интервју, Рамадановски изјавил дека е во строг карантин поради неговите здравствени проблеми и дека доколку се зарази со коронавирус, тоа би било фатално за него.

„Не можам да излезам никаде за да не ризикувам да се заразувам. Веќе имав проблеми со здравјето на срцето и вирусот може да биде фатален за мене“, изјавил Џеј пред неколку дена.

Во текот на 90-тите години, тој беше популарен низ цела поранешна Југославија, особено во Србија, Македонија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Додека беше на врвот на својата популарност, тој патуваше во странство,каде имаше бројни настапи (во Германија, Шведска, Канада, САД).

Слични содржини