Почина Јагнула Куновска

од Nikola Popovski
29 прегледи

На 81-годишна возраст почина Јагнула Куновска, една од најистакнатите правници, политичари и уметници во Македонија.

Родена е во Костур во 1943 година. Таа е внука на костурскиот војвода Никола Добролитски. Во текот на Граѓанската војна во Грција во 1948 година, заедно со многу други деца, беше евакуирана во Тетово, каде што започна нејзиниот живот во Македонија.

Своето образование го заврши на Правниот факултет на Универзитетот во Скопје, по што изгради успешна кариера како адвокат. Покрај правната кариера, Куновска остави свој белег и како член на Друштвото на писателите на Македонија, каде што беше призната за нејзината литературна дарба.

Куновска се вклучи во политиката во 1990 година, кога стана основач на македонската политичка партија Движење за семакедонска акција (МААК). Во 1999 година ја поддржа кандидатурата на Тито Петковски за претседател на Република Македонија.

Во 2006 година беше кандидидат на изборите во скопскиот и кумановскиот регион како дел од Новата социјалдемократска партија, а во ја напуштила Новата социјалдемократска партија и станува член на ВМРО-ДПМНЕ.

Во 2013 година, Куновска беше канидат за градоначалник на Карпош на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај правото и политиката, Куновска беше активно вклучена и во културните и уметничките текови. Во 2008 година, учествуваше во создавањето на списанието „Македонски духови конаци“.

Слични содржини