Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ објави тажна вест на социјалните мрежи – почина нејзината мајка, Миљенка Дубравка Грабар, на 78-годишна возраст.
„Нека те штитат ангелите, мамо! 03.11.1947 – 18.04.2025“, напиша Грабар-Китаровиќ на Instagram, споделувајќи црно-бела фотографија од својата мајка. Објавата предизвика бројни реакции и изрази на сочувство од следбеници, пријатели и јавни личности.
Миљенка Дубравка Грабар беше родена на 3 ноември 1947 година. Иако ретко се појавуваше во јавноста, нејзината животна приказна стана позната за време на претседателската кампања на Колинда. Со сопругот Бранко, кој работел како месар, живееле во селото Лубарска, кај Мартиново Село, на реката Рјечина. Токму таму Колинда го поминала своето најрано детство, пред семејството да се пресели во Гробник поради работните обврски на таткото.
Колинда е нивното прво дете, родено во 1968 година. Името ѝ го дале инспирирани од песна на хрватската пејачка Зденка Вучковиќ.