485
По кратко боледување и компликации како последица на Ковид-19, на 46-годишна возраст во Скопје почина универзитетскиот професор и воен историчар д-р Александар Стојчев.
-Со длабоко жалење ја примивме веста за смртта на директорот на Воениот музеј, д-р Александар Стојчев. Беше извонреден соработник, добар колега, секогаш посветен на документирање на историските настани. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Слава му!, стои во објавата на Министерство за одбрана .