380
Почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД која помогна во водењето на западната надворешна политика по Студената војна. Таа имаше 84 години.
Нејзината смрт беше потврдена преку е-мејл од персоналот на групата Олбрајт Стоунбриџ, глобална стратешка фирма основана од Олбрајт, објави Си-Ен-Ен.
Таа беше американски политичар и дипломат. Олбрајт беше 64. државен секретар на САД и беше првата жена на таа позиција. На предлог на американскиот претседател Бил Клинтон, откако Сенатот го одобри нејзиното назначување, таа ја презеде функцијата на 23 јануари 1997 година. Потоа стана вонреден професор по дипломатија на Универзитетот Џорџтаун.