285
Младата лавица која беше пронајдена на 21 септември кај Суботица, почина во зоолошката градина Палиќ.
„Лавицата Кики повеќе не е меѓу нас. По 15 дена борба, таа ја загуби животната битка и покрај нашите максимални напори да ја вратиме. Кики почина на 6 октомври околу 21 часот“, соопштија од зоолошката градина Палиќ.
Во соопштението се изразува надеж дека вакви случаи на злоупотреба на животни од несовесни „сопственици“, како што е таа, нема да се повторат.