Почина момчето на покојната ќерка на Витни Хјустон

од Elena Daskalova
410 прегледи

Ник Гордон, кој живееше во невенчан брак со покојната ќерка на Витни Хјустон, Боби Кристина, е пронајден мртов.

Се претпоставува дека починал како последица на срцев удар, но официјални информации за причината за смртта уште не се објавени. Веста ја соопштил неговиот адвокат за агенцијата Франс прес.

„И покрај сите искушенија со кои Ник се бореше, можам искрено да кажам дека многу се трудеше да остане трезен, со крената глава и сакаше да биде среќен и здрав со своето семејство“, изјавил тој.

Таблоидите веќе претпоставуваат дека тој имал неколку срцеви удари, од кои последниот, кој се случил на Нова година, бил фатален за него.

Гордон беше осуден за смртта на Боби Кристина Браун, ќерката единица на Витни Хјустон, која испила алкохол и лекови, кои тој ѝ ги дал. Потоа, ѝ ја држел главата во када со ладна вода, по што настанале сериозни оштетувања на мозокот.

Во тужбата против него пишува дека заедно со Боби Кристина консумирале алкохол, кокаин и марихуана, кои претходно тој ги купил. На ужасниот настан му претходела нивна караница. Гордон бил пуштен на условна казна, а на семејството на својата девојка му исплатил 36 милиони долари.

Слични содржини