Почина најстариот син на Че Гевара

од Nikola Popovski

Камило Гевара Марч, син на аргентинско-кубанскиот марксистички револуционер и политичар Ернесто Че Гевара, почина денеска во Каракас на 60-годишна возраст од срцев удар, соопшти кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел.

„Со длабока тага се збогуваме со Камило, синот на Че и промотор на неговите идеи“, напиша претседателот на Куба на својот Твитер.

Бил директор на Центарот Че Гевара во Хавана

Роден во 1962 година, Камило беше најстарото од четирите деца на Ернесто Че Гевара и неговата кубанска сопруга Алеида Марч, исто така револуционерка. Че имаше уште една ќерка, Хилда (почина во 1995 година), од претходниот брак со Перуанката Хилда Гаде.

Камило Гевара Марч беше дипломиран правник и директор на Центарот Че Гевара во Хавана, институција која ги промовираше идеите на неговиот татко.

Слични содржини