Почина пациентот на кој му беше трансплантирано срце од свиња

од Nikola Popovski
318 прегледи

Првиот човек на кого му беше пресадено срце од свиња, 57-годишниот Дејвид Бенет, почина два месеци по трансплантацијата, соопшти денеска болницата во Мериленд, каде што е направен првиот ваков медицински потфат.

Бенет почина вчера во Универзитетскиот медицински центар во Мериленд.

Лекарите не ја соопштија причината за смртта, наведувајќи само дека здравствената состојба на Бенет почнала да се влошува пред неколку дена, пренесе АП.

По трансплантацијата на 7 јануари, синот на Бенет рече дека неговиот татко знаел дека нема гаранција дека операцијата ќе успее.

Бенет беше првиот пациент кој некогаш добил трансплантација на животински орган кој бил генетски модифициран за да се спречи отфрлање на органите.

Претходните обиди за ксенотрансплантација не беа успешни бидејќи телото на пациентот брзо би го отфрлило трансплантираниот животински орган.

Слични содржини