Почина пејачот на британската група Фејтлес, Макси Џез

од Radmila Tasevska
275 прегледи

Пејачот на британската група Фејтлес, Макси Џез, почина на 65 години.

Поранешната колешка од бендот, Систер Блис, изјави дека Макси починал „мирно во сон“ во својот дом во јужен Лондон во петокот вечерта.

„Испраќам љубов до сите вас кои го споделивте нашето музичко патување. Чувајте се едни со други“, напиша таа на Twitter.

Фејтлес беа познати по сингловите како God Is A DJ, We Come 1 и Insomnia, трите хита од 1996 година.

Во соопштението објавено на неговиот Instagram пишуваше: „Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој ѝ даде вистинско значење и порака на нашата музика. Беше прекрасен човек со време за секого и мудрост која беше длабока и достапна. Беше чест и секако вистинско задоволство да се работи со него. Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј“.