На 63-годишна возраст, попладнево во Скопје почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз, по кратко и тешко боледување.
Тој не успеа да ја добие најважната битка во својот живот, по неколку дневна хоспитализација и интензивно лекување во приватна болница во Скопје.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија и беше чест гостин во политичките дебатни емисии на македонските телевизии.
Погребот ќе биде утре на гробиштата во Бутел.