Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на својот профил на Фејсбук објави дека починал помошник директорот на Царинската управа, Марјан Тасевски.
Таа вели дека Тасевски бил исклучителен професионалец, скромен и посветен човек, кој до последен момент бил посветен на работата.
„Со голема тага се простуваме со голем професионалец, помошник директор на Царинската управа, Марјан – смирен, скромен и посветен, кој секогаш работеше со срце и знаење. Неговото ненадејно заминување е голема загуба и за институцијата и за сите нас кои го познававме“, напиша министерката.
Министерката Димитриеска-Кочоска изрази искрено сочувство до семејството на Марјан Тасевски.