Дваесет и седумгодишната манекенка и поранешна Мис на Балканот за 2022 година, Ѓулер Ердоган, трагично загина при обидот да и побегне на полицијата.
Според турскиот весник „Сабах“, нејзиното безживотно тело го пронашле возачи кои минувале по крајбрежниот пат во областа Хаџи Хусеин, каде што таа дошла на одмор за време на Рамазан Бајрам.
На лице место Брзата помош можела само да констатира смрт на 27-годишната манекенка, која според првите извештаи починала откако во неа удрил автомобил додека го минувала патот.
Според весникот „Сабах“, Ѓулер Ердоган била во алкохолизирана состојба, се забавувала со своите пријатели, а откако полицијата се обидела да ја спречи, таа решила да побегне, што на крајот довело до трагичниот инцидент.
Се дозна дека младата манекенка ја носи титулата Мис Косово Европа и дека работела во агенција за модели. Семејството на манекенката официјално не ја коментира оваа трагедија.