ПОЧИНА ПОЗНАТ АКТЕР: Имаше само 27 години

од Nikola Popovski
394 прегледи

Британско-американскиот актер Ченс Пердомо трагично загина во сообраќајна несреќа со својот мотор, потврди неговиот публицист за „Variety“.

Пердомо имаше само 27 години, а се прослави со улогите во популарните серии „Gen V“ и „Sabrina: The Creepy Adventures“. Тој исто така играше улога во филмот „После се“ и неговите продолженија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chance Perdomo (@chance_perdomo)

Продуцентите на хит серијата „Gen V“ се огласија преку соопштение:

-Сè уште не сме свесни. Ченс секогаш беше шармантен и насмеан. Ентузијастичка сила на природата, неверојатно талентиран и пред се, љубезна и прекрасна личност. Да се ​​пишува за него во минато време нема смисла. Жал ни е за неговото семејство. Прегрнете ги оние што ги сакате вечерва“, порачале продуцентите.

Бројни фанови на социјалните мрежи со неверување се простуваат од актерот.