Актерот Тони Сирико, кој го играше симпатичниот, но суров гангстер Поли Волнатс во „Сопранови“ на HBO и често се појавуваше во филмовите на Вуди Ален, почина во петокот на 79-годишна возраст, соопштија членовите на семејството. Сирико одигра една од главните улоги во серијата, која започна да се емитува во 1999 година и стана ран влијателен хит во таканареченото златно доба на телевизијата.
Иако играше помали улоги во шест од филмовите на Вуди Ален од 1994 до 2016 година, Сирико не беше особено познат пред неговиот ненадеен пораст на славата играјќи го капетанот во криминалната организација на Тони Сопрано, главниот лик на серијата, кој го играше покојниот Џејмс Гандолфини.
Ликот на Поли беше закоравен криминалец кој повремено покажуваше љубезност и понекогаш им даваше комично олеснување на гледачите со погрешно изговарање зборови, но беше и вечно лојален на својот шеф.
„Поголема личност од животот и на екранот и надвор од него. Многу ќе ми недостига мојот пријател“, напиша неговиот колега Стивен Ван Занд на Твитер.
Сирико често глумеше италијанско-американски гангстери, вклучително и помала улога во „Добри момчиња“, хитот на режисерот Мартин Скорсезе од 1990 година.
„Со голема тага, но со голема гордост, љубов и многу убави спомени, семејството на Џенаро Ентони „Тони“ Сирико сака да ве извести за неговата смрт утрото на 8 јули 2022 година“, напиша на Фејсбук неговиот брат Роберт Сирико. римокатолички свештеник.
Тој зад себе остави две деца и бројни внуци, изјави неговиот брат. Причината за смртта не беше објавена.
Роден во Бруклин, Њујорк на 29 јули 1942 година, Сирико поминал 20 месеци во затвор поради нелегално поседување оружје во раните 1970-ти, според онлајн базата на филмови IMDB.com. Неговата прва улога беше во филмот „Лудиот Џо“ од 1974 година за мафијашот Џои Гало, но неговата најпозната улога беше во серијата на HBO создадена од Дејвид Чејс.
„Кога првпат го прочитав сценариото на Дејвид Чејс, знаев дека е (нешто) посебно. Тоа е она што го барав цел мој живот… Веднаш знаев дека е улога (вредна) да се убие“, изјавил своевремено Сирико, според IMDB.