388
Бугарскиот актер Јосиф Шамли, кој беше дел од ансамблот на Народниот театар „Иван Вазов“, почина на 47-година возраст.
Тој е едно од најистакнатите бугарски актерски имиња, со многубројни улоги на бугарската театарска сцена. Нашата публика го препознава по неговата улога во бугарската телевизиска серија „Подземје“ (Под прикритие), која важи за еден од најуспешните телевизиски проекти кај нашиот сосед.
Веста за смртта на Шамли ја објави Сојузот на актерите на Бугарија, кои само соопштиле дека актерот починал, но не се наведени причините за смртта.
Бугарското Министерство за култура преку профилот на Фејсбук веќе објави сочувство кон семејството, пријателите и колегите на актерот.