Почина познат холивудски актер

од Nikola Popovski
262 прегледи

Актерот Пол Сорвино почина на 84-годишна возраст, пишуваат странските медиуми.

Тажната вест ја потврди неговата сопруга Ди Ди.

„Нашите срца се скршени, никогаш нема да има друг Пол Сорвино, тој беше љубовта на мојот живот и еден од најголемите изведувачи што некогаш беше дел од екранот и сцената“, рече таа.

Сорвино е најпознат по улогите во филмот „Добри момци“ и серијата „Закон и ред“.