79
Познатата американска актерка Лин Мери Стјуарт почина на 79-годишна возраст. Таа е најпозната по улогата во серијата „It’s Always Sunny in Philadelphia“.
Тажната вест ја потврдија нејзините блиски пријатели и колеги, а актерката Ларејн Њуман се прости од Лин Мери на Инстаграм.
„Срцето ми се кине кога ја слушнав веста за смртта на мојата драга пријателка Лин Стјуарт. Една од најљубезните, најслатките, најсмешните жени што некогаш живееле“, напиша меѓу другото колешката и пријателката на Лин.
View this post on Instagram
Стјуарт е родена на 14 декември 1946 година во Лос Анџелес, а глумеше и во „Големата авантура на Пи-Ви“, „Марвин Марвин“, „Деверуши“ и други.