ПОЧИНА ПОЗНАТА ПЕЈАЧКА: Ја нарекуваа италијанската РОЗА

од Nikola Popovski
336 прегледи

Познатата италијанска пејачка Милва почина на 82-годишна возраст.

Милва, чие целосно име е Марија Илва Биолкати, беше позната по обработката на многу италијански хитови, вклучувајќи ја и песната „Бела чао“, а АНСА објави дека починала во нејзиниот дом во Милано во петокот.

Долго време беше надвор од сцената, а во 2010 година го издаде својот трет албум, напишан од Франко Батиато. Нејзиниот прекар беше Ла Роса, а неодамна беше вакцинирана против Ковид-19, апелирајќи до целата нација да се вакцинира, така што сите заедно ќе го поразат вирусот.

Родена на 17 јули 1939 година во селото Горо во Емилија Ромања. Таа се појави на италијанската уметничка сцена за време на фестивалот на песна во Сан Ремо во 1961 година, кога го освои третото место.

Нејзиниот талент е препознаен далеку од италијанските граници, особено во Латинска Америка, Шпанија, Франција, каде што ја споредуваа со Едит Пјаф, како и во Германија.

https://www.youtube.com/watch?v=JhnBB7w2bRw