Почина познатиот актер Ален Делон

од Vladimir Zorba
64 прегледи

Легендата на француската и светската кинематографија, прославениот француски актер Ален Делон почина денеска на 89-годишна возраст на својот имот во градот Диши во централна Франција.

Ален Делон доживеа мозочен удар во 2019 година, а потоа се разболе од рак.

Првиот филм „Роко и неговите браќа“ го сними во 1957 година, а во текот на својата плодна кариера се појави во повеќе од 100 филмови, од кои најпознати се „Господарка на играта“, „Гепард“, „Мелодии од подрумот“, „Самурај“, „Затемнување“ и „Неосвоен“.

Слични содржини