Почина познатиот руски снајперист Шаповалов во Украина – Путин ќе го одликува постхумно

од Љубиша Владимиров
229 прегледи

Виталиј Шаповалов, еден од најпознатите руски снајперисти, загина на бојното поле во Украина, пренесуваат украинските медиуми. Според објавите, 51-годишниот Шаповалов го загубил животот во градот Часив Јар, во источниот регион Донецк. Засега нема официјални информации за точните околности под кои загинал.

Шаповалов, кој ја носел титулата виш гардиски офицер-поручник, беше познат во руските воени кругови како „легенда меѓу снајперистите“. Се смета дека токму тој обучил неколку генерации руски снајперисти, од кои некои подоцна беа прогласени за херои на Русија. Во текот на неговата воена кариера, Шаповалов учествувал во шест ротации за време на конфликтите во Чеченија и поминал две години во Сирија како дел од руските воени сили.

За неговата служба бил повеќепати одликуван со награди за храброст. Рускиот претседател Владимир Путин, според најавите, постхумно ќе му ја додели титулата „Херој на Русија“ – највисокото државно одликување. Телото на Шаповалов ќе биде погребано со сите воени почести. Неговата смрт се смета за значителен удар за руската армија, особено со оглед на неговиот статус и долгогодишното искуство на бојното поле.

 

Слични содржини