Првиот Американец кој изврши орбитален лет, астронаутот на НАСА Џон Глен, почина на 95-годишна возраст, пренесува CNN.
Пред една недела тој беше примен во универзитетската болница “Џејмс”, специјализирана во лекувањето на рак. Според портпаролот на Факултетот за општествени науки на името на астронаутот “Џон Глен”, тоа не знаел дека е болен од рак.
Според американски медиуми здравјето на Глен беше лошо по операцијата на срцето и мозочен удар. Во февруари 1962 Џон Глен стана првиот американски астронаут, кој излезе во орбитата околу Земјата на бродот “Меркури- Атлас-6” и ја обиколи планетата со минијатурна капсула Friendship 7.
Така тој го следеше советскиот космонаут Јуриј Гагарин, кој го изврши истиот лет, но година порано. Пред Глен лета уште еден советски космонаут -Герман Титов. Во 1998 година 77-годишниот тогаш Џон Глен повторно излезе во вселената, со што стана најстариот астронаут, пренесен во вселената.
Глен е сенатор од Демократската партија во Охајо меѓу 1974 и 1999 година. Во 2012г. претседателот на САД Барак Обама го удостои со претседателски медал на слободата – највисока граѓанска почест во САД и го нарече “херој во полна смисла на зборот”.