305
МВР информира дека вчера се случила трагедија во скопски Бутел, откако бандера при паѓање усмртила еден работник.
Од полицијата велат дека станува збор за Џ.Е.(40) од с.Елово, скопско.
-Врз него паднала бандера додека извршувал работни задачи, по што починал. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, додаваат од МВР.