Денеска во Белград на 87-годишна возраст почина српскиот режисер Душан Макавеев, еден од основачите на филмскиот „црн бран“.
Негови најпознати филмови се „Парада“ (1962), „Човекот не е птица“ (1965), „Љубовниот случај или трагедијата на службеничката во ПТТ“ (1967), „Невиност без заштита“ (1968), „Ми недостига Соња Хени“ (1972), „Горилото се бања попладне“ (1993).
Неговиот филм W.R Мистерии на организмот, беше во бункер 16 години (од 1971 до 1987 година) додека филмот Сладок филм неколку години беше забранет во Велика Британија.
Добитник е на голем број домашни и странски награди, меѓу кои „Сребрена мечка„ во Берлин, Сребрена арена во Пула, Луис Буњуел во Кан, Сребрен Хуго во Чикаго и „Филмска легенда“, што ја доделува Фестивалот на филмови од ЈИЕ со седиште во Париз.