Почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство

од Илинка Илиоска
64 прегледи

На 82 години, вчера во Скопје почина Симон Беличанец, доајенот на македонското спикерство чија професионална кариера е врзана за Македонската радио телевизија.

Беличанец е роден на 2 јуни 1942 година во Прилеп. Таму го завршил основното образование, гимназија, но и нижото музичко училиште.

Студирал на Технолошкиот факултет во Скопје, а за време на неговите студии се пријавил на аудиција во Радио Скопје и веднаш бил ангажиран како спикер.

Завршил и виша спикерска школа во Белград, во рамки на тогашната Југословенска радио-телевизија. Веднаш потоа почнува да ги чита вестите на МРТ. Тој бил водител на повеќе музички манифестации.

Погребот на Симон Беличанец ќе се оддржи утре на градските гробишта во Бутел

Слични содржини