Почина сопругот на наставничката убиена во масакрот во Тексас

од Nikola Popovski
322 прегледи

Сопругот на Ирма Гарсија, една од двете учителки убиени во масакрот во училиште во Тексас, починал од срцев удар.

Информацијата на Твитер ја објави член на семејството, а веста ја пренесоа американските медиуми.

– Со длабока тага морам да ви кажам од тага почина сопругот на тетка ми Ирма, Џо Гарсија. Немам зборови да опишам како се чувствуваме, молете се за нашето семејство. Боже, помилуј не, ова не е лесно, напиша Мартинез.

Гарсија отишол да и остави цвеќе на својата трагично почината сопруга. Кога стигнал дома, само паднал.

– Тетка ми Ирма и Џо Гарсија беа заедно од средно училиште и зад себе оставаат четири прекрасни деца. Имаат 23, 19, 15 години, а најмладиот има само 13 години, напиша тој на Твитер.

Оваа информација ја потврди и новинарот на Фокс од Сан Антонио, Ерни Зунига.

Да потсетиме, пукањето се случи во основното училиште Роб во Тексас во кое загинаа 19 деца и двајца возрасни.

Слични содржини