Српскиот актер Горан Даничиќ почина ненадејно вчера, во Белград, пишуваат српските медиуми.
По барање на семејството, тој бил погребан денес напладне во најблискиот семеен круг, објави Југословенскиот драмски театар.
Актерот е роден на 14 декември 1962 година во Ужице. Долги години бил во среќен брак со Сања Домазет, писател, драматург и професор по новинарство.
Завршил глума на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1990 година, во класата на професорот Миленко Маричиќ, како студент на генерација.
Член е на Југословенскиот драмски театар од 1993 година и има изведено повеќе од 50 улоги.
Даничиќ има играно во неколку познати филмови и серии, како што се: Ивкова слава, Ние не сме анѓели, Среќни луѓе, Гревот на нејзината мајка, Небеска јадица, Заборавени.