Почина тракторист откако излетал од пат и бил пуштен на домашно лекување

од Nikola Popovski
229 прегледи

Тракторист од светиниколско излетал од патот, од незгодата се здобил со повреди за кои побарал лекарска помош во болницата во Свети Николе. Подоцна тој бил пуштен на домашно лекување но утредента повторно побарал медицинска помош а кратко потоа и починал.

Според информации од полицијата, на 19.09.2021 во 17.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на локалниот пат за с.Горобинци, светиниколско, трактор „имт 533“, управуван од М.В.(68) од с.Горобинци излетал од патот.

Во незгодата М.В. се здобил со повреди констатирани во Јавната здравствена установа Свети Николе, по што бил пуштен на домашно лекување.

На 20.09.2021 во 05.00 часот, М.В. повторно отишол во ЈЗУ Свети Николе од каде со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде починал.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Слични содржини