Почина Живко Радевски, поранешниот директор на битолската млекарница

од desk2
105 прегледи

Во средата, на 75-годишна возраст почина Живко Радевски, поранешен директор на ИМБ Битолa.

Радевски беше менаџер на битолската млекарница се до нејзиното продавање, а потоа отвори приватна компанија „Ж.Радевски“ која ги произведува млечните производи „Вита Пела“.

Опелото и погребот ќе бидат денеска на светонеделските гробишта.