343
Прилепчанец вчера починал откако му се слошило додека управувал со автомобилот.
-Вчера во 18:30 часот во СВР Битола, е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај место викано Џаферица, на И.С.(67) од Прилеп, додека управувал патничко моторно возило марка „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот. И.С. починал на лице место, смртта ја констатирал доктор од итна медицинска помош, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, во консултација со јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.