Починале и две бебиња, се повеќе заболени од голема кашлица во Грција

од Илинка Илиоска
396 прегледи

Две бебиња помали од два месеци починале од пертусис (голема кашлица) во Грција, а три биле хоспитализирани на одделот за интензивна нега за новороденчиња, додека во изминатиот период во земјата е регистриран зголемен број случаи, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ).

Од почетокот на годинава заклучно со мај, биле потврдени вкупно 230 случаи на пертусис, од кои 57,8 отсто се кај деца, наспроти девет случаи лани.

Од ЕОДИ истакнуваат дека зголемувањето на случаите веројатно е поврзано со ненавремената имунизација на одредени возрасни групи и посочуваат дека пертусисот е ендемично заболување со епидемии кои се јавуваат на секои три до пет години, дури и во области со висока покриеност со вакцинација, а бебињата се изложени на најголем ризик.

Паралелно потенцираат дека единствена превентивна мерка за бебињата до месеци е вакцинацијата на трудниците во периодот од 27-36-та недела од бременоста.

Слични содржини