Тинејџер кој го ширел учењето на Католичката црква на Интернет и го добил прекарот „Божји инфлуенсер“ – на пат да стане светец.
Карло Акутис починал во 2006 година кога имал 15 години, што значи дека ќе биде првиот милениумец што ќе биде прогласен за светец.
Папата Франциск му припишува уште едно чудо – заздравувањето на студент од Фиренца кој имал крварење во мозокот.
Карло Акутис бил прогласен за прогласен за блажен во 2020 година, првиот чекор кон светоста, кога се верувало дека излечил дете од Бразил од вродена болест на панкреасот.
História do, agora Santo, Carlo Acutis.
Nascido em Londres no dia 3 de maio de 1991, filho de Andrea e Antonia Salzano foi batizado no dia 18 de maio do mesmo ano na Igreja Nossa Senhora das Dores. pic.twitter.com/L6NHCbDB4f
— Catolicismo 'desconhecido' (@Catolicismooo) May 24, 2024
Второто чудо го потврдил папата, по средбата со ватиканскиот оддел за канонизација. Сè уште не е познато кога Карло ќе биде прогласен за светец.
Акутис починал во Монца, град во северна Италија, откако му била дијагностицирана леукемија.
Неговото тело било пренесено во Асиз една година по неговата смрт, а моментално е изложено заедно со други мошти.
Покрај дизајнирањето на веб-страницата на парохијата и училиштето, тој станал познат по отворањето на веб-страница посветена на снимање на евхаристиски чуда, која била отворена неколку дена пред неговата смрт.
Прекарот „божји инфлуенсер“ го добил по неговата смрт, токму поради оваа работа.
Оваа веб-страница сега е преведена на неколку различни јазици и се користи како дел од изложбата што го обиколи светот.
Неговото дело е запаметено и во Велика Британија, каде што во 2020 година надбискупот од Бирмингем ја основа парохијата на блажениот Карло Акутис, која вклучува цркви во Вулверхемптон и Вомборн.
Фото: Profimedia/Profimedia