532
На 30.10.2021 околу 00.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил пронајден починат притвореник И.Т.(62), кој бил хоспитализиран, а на кого околу 00.15 часот му се слошило по што од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.