304
Починато лице (49) било пронајдено вчера околу 13:30 часот во индустриски објект на подрачјето на Гази Баба, соопшти полицијата.
-На 13.01.2024 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во индустриски објект на подрачје на Гази Баба, Г.И.(49) од Скопје кој бил вработен во објектот, бил пронајден починат. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, соопшти полицијата.
По насоки на Јавен обвинител, како што се наведува, телото на починатиот е предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.